Хамилтон се потсмеа на доказите на Ферари

Луис Хамилтон изјави дека не бил воопшто потресен околу новите докази кои Ферари ги достави до стујардите.  Италијанците доставија седум нови докази во обид да се промени исходот од казната поради која тие останаа без победа.

Но, кога британецот слушнал дека главен доказ била видео анализата на Карун Чандхок од Скај Спортс на него му олеснало.

Дефинитивно е чудно да слушнам дека Ферари трошат време на нешто од минатото. За мене е нормално, мојот тим да се грижи да го поправи болидот. Но кога дојдоа тука и кога слушнав дека доказ е видеото на Карун Чандхок ми олесна и престанав да мислам на тоа – патетичен е актуелниот шампион.

Хамилтон го искоментира и исвиркувањето на подиумот во Канада.

Не е лесно да се слушне како те исвиркува некој, но тоа е дел од играта и не ме засега. Знам дека имам голема подршка на трките.

Посебно ми е важно што на социјалните медиуми ме следат добри луѓе. Дури и ако се чувствувате лошо тогаш каужувате нешто мотивациски.

Тој всушност во 3 часот наутро пушти порака на Инстаграм.

Толку омраза во светот. Не зависно од што, нема да ме уништите. Јас ке растам секогаш – напиша луис на Инстаграм.

Се вртев во креветот и се разбудив и го напишав тоа, Но сепак е добро да се добиваат пораки од пријатели кои ме подржуваат. ТОа се моќни зборови кои ме тераат да се борам. Во тие моменти ми беше тешко, но зборовите на фановите ме кренаа. Тоа е одлично чувство.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ