Хамилтон: Сударот во Т2 беше наивна грешка

Луис Хамилтон инсистира дека контакот со ѕидот во Т2 на Канадското Гранд При бил само наивна грешка.

Возачот на Мерцедес удри во “ѕидот на шампионите“ излегувајќи од свиокот 9, поради што го пропушти остатокот од сесијата или еден час од истата, а конечниот пласман беше шеста позиција.

Направив грешка и го оштетив болидот. Момците напорно се обидуваа да го поправат, но немаше доволно време.

Не се сеќавам кога последен пат сум пропуштил скоро цела сесија. Дефинитивно не е добро да се гледа од гаражата, се чувствував како да седев кај директорот во школо, посакувајќи да се вратам на час.

Британецот призна дека едноставно премногу притискал кога ја направил грешката.

Беше наивна грешка. Возев неколку кругови на медиум пневматиците и се обидував да го најдам лимитот.

Очигледно претерав. Изгубив контрола по свиокот 9 и лизгав кон ѕидот, но се надевав дека нема да удрам. Но се случува, едноставно заборавате и се враќате на возењето.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ