Хелмут Марко го терал шефот на МотоГП да управува со Ф1

Доктор Хелмут Марко призна дека го терал шефот на МотоГП, Кармело Езпелета да се кандидира како замена за Чејс Кери за извршен директор на Формула 1.

73-годишниот Езпелета е извршен директор на Дорна Спортс, сопственикот на комерцијалните права на тркачката серија.

Марко смета дека Езпелета веќе би го решил најголемиот проблем на Формула 1 моментално, пневматиците. Марко тврди дека пневматиците на Пирели за 2019 годиан одговараат на само една екипа, Мерцедес и дури посочи кон преференцијален третман помеѓу двата бренда.

Во МотоГП, овој проблем веќе ќе беше решен. Во Формула 1 не треба да има предност за било која екипа. Посветени сме на фановите да го понудиме најдоброто тркање – објаснува марко.

Езпелета присуствуваше на Шпанското Гранд При во Барселона минатиот месец, додека Speed Week тврди дека Марко го терал да се кандидира.

Во право сте, го прашав. Проблемот се правилата. Кармело никогаш немаше да дозволи вакви правила.

Тој вели дека правилата во МотоГП се дизајнирани да им помогнат на помалите екипи да ги стигнат доминантните, додека во Формула 1 системот значи дека само огромни финансиски инвестиции може да ја намалат разликата со Мерцедес. За среќа на Ред Бул, Хонда притискаат силно да ги стигнат.

прво, ние сме многу среќни со Хонда и издржливоста. Заостануваме со моќ, но ќе имаме нов мотор на Пол Рикар. Не значи дека ќе биде голем чекор, тоа ќе биде во Монца, Но Хонда притискаат.

Не прашувајте колку е голем чекор. Тестовите во Јапонија се вршат ден и ноќ.

Не знам зошто мора да се бранам кога коментирам за проблемите со пневматиците. Секако, Ред Бул беа доминантни со Фетел четири години, но никогаш не беа доминантни како Мерцедес. Кога доминиравме, бевме забавени во текот на сезоната преку промена на правилата.

Прво беше цврстината на крилото, потоа дифузерот. Промени беа можни во текот на сезоната. Денес не е тоа случајот.

Не знам дали има спас. Пирели веќе ги променија пневматиците во текот на сезоната, по Силверстон во 2013 година кога пневматиците откажуваа. Како што кажав, јас го посочив проблемот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ