Хокенхајм може да биде резерва догодина

Најголема шанса за легендарниот Хокенхајм да остане во Формула 1 е доколку Виетнам или Зандворт не успејат на време да се подготват за тоа што ги очекува следната година.

Жан Тод, првиот човек на ФИА, од Германија изјави дека земја со толкава моторспорт треадција треба да има своја Гранд При трка.

веројатно ова е земјата со најголемо знаење во производство на автомобили. искрено и силно верувам дека германија треба да има своја гранд при трка – објасни тод.

Но, германците, кои се познати по својата економичност, не може да дозволат да плаќаат толкави суми на Либерти Медиа и да организираат настан кој не носи пари.

во нормални услови, доколку зандворт или виетнам не се подготвени на време, ќе имаме најголема шанса да организираме трка следната година. сепак, веројатноста за тоа е минимална. но, таква трка не е решение кое ние го сакаме. ние сакаме обезбедување на трката на среден рок – изјави јорн теске од хокенхајм.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ