Хокенхајм сака да остане на календарот, но не е до нив

Од Хокенхајм не се откажуваат да оргнизираат Формула 1 трка и следната година, но мора да почекаат на челниците на тркачката серија кои имаат опција во договорот за да доделат ново продолжување за легендарниот германски автодром.

Хокенхајм потпиша едногодишно продолжување на договорот лани поддржано од Мерцедес кои ќе бидат главни спонзори на овогодинешната трка. Но, договорот вклучува и опција за 2020 година под слични услови, така што финансиите се познати доколку се одлучи за нова трка и нема да има преговори и ценкање.

Силверстон, Монца, Барселона и Мексико Сити во моментов немаат договори за следната година и сеуште чекаат на развојот на настаните во врска со следниот календар.

наш став е дека сакаме да организираме трка, псотои опција во нашиот договор која не ја активираме ние. мораме да чекаме и да видиме што ќе се случи.

потпишавме едногодишен договор за 2019 година со опција за 2020 година под истите услуги. задоволни сме од условите, но не е до нас дали ќе добиеме организација и следната година или не.

имавме разговори во текот на викендот во барселона, но во моментов нашата ситуација е непознаница. знаеме дека имавме фантастична трка лани со огромна публика и неверојатна атмосфера, нешто што ни донесе и организација годинава. и лани во ова време бевме во слична ситуација кога не знаевме што ќе се случува – изјави јорн теске, маркетинг шефот на хокенхајм.

Тој смета дека ситуацијата дополнително се комплицира со тоа што другите патеки преговараат за повеќегодишни договори кои би започнале исто така од 2020 година.

не знам што пишува во другите договори, знам дека ние не преговараме за 2020 година, а веројатно тие зборуваат и тоа за некакви среднорочни договори, четири до пеет години. би сакале и ние да имаме таква можност, но свесни сме дека под условите во моментов, можеме да организираме трка само догодиа.

не сме во идеална ситуација, дефинитивно е така. но подобро е да имаме трка следната годиа и да видиме дали можеме да постигнеме долгорочен договор, да донесеме нови партнери или поддржувачи. сакаме период во кој стратешки ќе планираме заедно со формула 1, а не година за година кога не е лесо да се заврши добра работа.

како што реков, ние чекаме и не можам да прогнозирам ништо околу изводливоста. нашите карти се на маса и тоа се многу отворени за сите да го вида.

Теске е свесен дека публиката на евентуалната трка догодина би била намелана како резултат на доаѓањето на Зандворт на календарот, но не е загриежен поради тоа.

тоа може да биде случај, тоа е повеќе од јасно, но ние веруваме дека не може да немаме холандски навивачи повеќе. знаеме дека тие многу сакаат да патуваат.

можеби ќе имаме помала посета од сега, но тоа не е решавачко за нас. можеби ќе дојдат нови фанови од други земји како на пример полјаци поради роберт кубица.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ