Холанѓаните сеуште “во игра“ за трка догодина, иако државата нема да финансира

Медиумите во Холандија пренесуваат дека земјата е сеуште “во игра“ за домаќин на трка следната година.

RTL Nieuws пренесе писмо од Главниот извршен директор на Формула 1, Чејс Кери, упатено до официјалните лица на патеката Зандворт. Во писмото се вели дека доколку Либерти Медиа и организаторите не склучат договор за трка до 31 Март годинава, американците ќе почнат преговори и со други автодроми во земјата.

Промотерот на Асен, Ли Ван Даб, за De Telegraaf изјави дека тие се оптимисти:

дефинитивно сме во трка за организација на гранд при во 2020 година. контактиравме со фом минатата недела и наскоро повторно ќе имаме состанок. искрено се со нас и мислам дека доколку не сме повеќе дел од нивните планови, до сега ќе ни кажеа.

Холандскиот федерален министер, Бруно Бруинс, напиша писмо до Парламентот дека Владата не е подготвена финансиски да го поддржи настанот. Претходно, организаторите во Зандворт се обратиле до Федералната Влада за финансиска помош од 7 милиони евра, но Бруинс смета дека таквата помош не е неопходна и не е оправдана.

тоа е комерцијален спортски настан каде правата се на американска компанија и поради тоа финансирање не е неопходно нити оправдано – смета бруинс.

Министерот откри дека Зандворт е во преговори со неколку холандски компании, дури и со спонзорот на Формула 1, пиварницата Хајнекен, но продолжи и дека начелен тригодишен договор (2020-2022 година) веќе е постигнат.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ