Хонда ги надминале очекувањата на Ред Бул

Шефот на Ред Бул, Кристјан Хорнер, откри дека Хонда ги надминала нивните очекувања откако на почетокот на оваа сезона екипата од Милтон Кинс стана партнер со јапонскиот производител.

Лани тимот возеше со мотори на Рено, додека Хонда даваше свои агрегати во јуниорскиот тим на Торо Росо. Нивното партнерство до сега е успешно, стигнаа до два подиуми, а победија и на трка со Макс ерстапен на Ред Бул Ринг. Поради сето тоа Хорнер смета дека е подобро од очекувањата.

сезонава беше предвидена да биде транзициска со новиот партнер за моторот и целата таа интеграција во тек. и покрај се, сезоната ги надмина интерните очекувања во однос на 9та трка од шампионатот на која победивме, а имавме и неколку добри подиуми освен тоа – свесен е хорнер.

Победата во Австрија беше олеснителна за менаџментот за Хонда по тешкиот период до три години кои ги имаа на почетокот од своето враќање во спортот преку Мекларен.

австрија беше многу емотивна победа за хонда. некои членови од нивниот борд беа таму и видоа се, видоа дека инвестицијата се исплати по неколкуте тешки сезони со мекалрен.

издржливоста и квалитетот се силни страни, сеуште имаме три мотори за користење, а секоја следна спецификација е се посилна.

бараме и притискаме за повеќе во вториот дел од годината, нешто што тие го имаат како работа во тек. вкусија успех и знаат што тој носи.

по тешкото враќање во формула 1, победа беше токму она што им требаше – смета хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ