Хонда го објасни проблемот кај Верстапен

За време на квалификациите, Макс Верстапен имаше проблем со пролизгување на погонските тркала при што се активирала заштитата на моторот и системот на ФИА, открија од Хонда, а во врска со ненадејното губење моќ од моторот на холанѓанецот.

Возачот на Ред Бул не успеа да постави време на квалифиакциите откако пријави дека губи сила од моторот. Тој се врати во боксот и ќе стартува од крајот, но и без квалификациските проблеми имаше казна поради промена на моторот.

Тојонару Танабе изјави дека Верстапен имал пролизгување кога преминал преку тротоар. Тоа предизвикало зголемување на вртежите на моторот и се активирала заштитата на Хонда и системот на ФИА за да ја намали силата. Верстапен беше втор најбрз на последниот тренинг со последната спецификација на Хонда.

Алекс Албон се квалификуваше на седма позиција пред двете фабрички Рено болиди иако беше еден од возачите кои немаа втора шанса за најбрз круг. Иско Верстапен не се квалификуваше тој сепак е сигуран за трката.

Сигурен сум на долгите стинтови. Ова нема да се случи на трка. Имав неколку стартови утрово и беше добро. Има време за поправен, но никогаш не може да имате Совршен старт. Секако лошо е да се стартува од крајот – не е предреќен макс.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ