Хонда му се извини на Верстапен

Макс Верстапен прими извинување од доставувачот на мотори Хонда по квалификациите во Германија каде заврши на втора позиција, но имаше проблеми со агрегатот во одредени делови од квалификациската сесија.

Холанѓанецот стартуваше добро во К1 и успеа да влезе во К2, но тогаш се пожали дека има губење на сила од моторот. Хонда објавија дека тој користел погрешен мод за сила на моторот и поради тоа настанал проблемот.

Одлично е што Макс е во првиот ред, а Гасли веднаш зад него на одлична четврта позиција. сакаме да му се извиниме на Макс поради проблемот откако пробал различен мод кој не работел – сметаат од хонда.

Верстапен го опиша моментот кога снемал сила моторот.

Се обидов да возам во друг мод и кога ја поминав стартната линија нешто се случи и снема сила моторот и морав да го откажам кругот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ