Хонда најавува нова спецификација за Франција

Јапонска Хонда најавува нова спецификација од својот мотор оваа сезона за патеката Пол Рикар, односно претстојното Француски Гранд При.

Во Април, по само неколку трки, јапонците се решија за нов мотор, втора спецификација, откако откриле некои проблеми во однос на издржливоста согласно пдоатоците добиени од муштериите од Ред Бул и Торо Росо. Доктор Хелмут Марко тогаш откри дека новиот мотор кој премиерно беше возен во Баку бил планиран за 6та трка сезонава, односно за Монако.

има работи во тек кои може да ни помогнат во блиска иднина, да ни дадат нешто што ни недостасува споредено со болидите пред нас – најави кристијан хорнер.

Холандски De Telegraaf откри дека третата спецификација на моторот ќе биде донесена за Големата Награда на Франција. Развојната брзина на Хонда ветува многу, но тоа значи дека сите болиди со мотор на Хонда веќе ќе бидат на дозволениот број мотори, а не е мината ниту половина од сезоната.

верувам во нашиот проект со хонда. работиме напорно за да ги побориме перформансите и ќе видиме каде сме на следните трки. со повеќе моќ и подобар баланс на болидот, ситуацијата ќе биде различна – најави верстапен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ