Хонда потврди спецификација број 3 за Франција

Техничкиот шеф на Хонда, Тојохару Танабе, потврди дека три болиди кои користат нивни мотори ќе добијат последна, трета спецификација од агрегатот кој се произведува во Јапонска Сакура.

Возачите на Ред Бул, Макс Верстапен и Пјер Гасли ќе добијат нов мотор за Пол Рикар, што значи трети агрегат за нив и казна при промена на следниот. Кај Торо Росо, нова “машина“ ќе добие само Даниил Квјат, но ќе биде веќе 4ти мотор за него и тој ќе стартува со казна.

Танабе најави дека подобрувања има кај турбо полначот и агрегатот ќе биде посилен одошто оној од втората спецификација која беше промовирана на почетокот на сезонта.

на пол рикар ќе возиме со подобрената трета спецификација на мотор кај макс, пјер и даниил. промените од претходната спецификација се најмногу на моторот со внатрешно согорување и турбо полначот што беше предмет на нашите инженери во сакура задолжени за истражување и развој кои соработуваа со одделот за аеродинамички развој на моторот. ланскиот нов топлински мгу-х дел кој драстично ја подобри издржливоста беше токму резултат од таа соработка.

тест податоците покажаа дека имаме зголемена моќ во однос на нашата претходна спецификција, иако сме свесни дека не сме сеуште на ниво на водечките производители од шампионатот. но, се работи за чекор во правилна насока и ќе продолжиме да се развиваме во текто на остатокот од сезоната – најави танабе.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ