Хонда признава: Моторот беше на работ

Хонда заслужено славеа во Австрија враќајки се на победничките патеки за прв пат по 2006 година, но јапонскиот производител признава дека условите во Спилберг биле многу тешки.

Ред Бул и Макс Верстапен успешно ја прекинаа серијата на Мерцедес во 2019 година, но Хонда успеа да стигне до ретко постигнување преку доминантната игра  – користењето на моторот.

Ред Бул Ринг трпеше од превисоки температури минатиот викенд, што ги примора Мерцедес да ја намалат моќта во својот агрегат, а Валтери Ботас и Луис Хамилтон мораа да користат “lift-and-coast“ тактика во текот на трката.

Иако Ред Бул Хонда имаше предност над ривалот, условите барале механичарите да го подесат моторот, како што објаснува шефот на Хонда, Тојохару Танабе.

Бевме на работ во однос на ладењето. Секако, високите температури не примораа да го зачуваме агрегатот. Се обидовме да извлечеме што повеќе моќ.

Не очекував да бидеме толку конкурентни, силни. Од претходните трки видовме многу силен Мерцедес, но на моменти можевме да им конкурираме на Ферари. Покажавме посилни перфоманси од нив, така што сум по малку изненаден.

Овој резултат ќе го охрабри нашиот развоен тим, но од почетокот на сезоната имаше голема разлика со Мерцедес и Ферари. Во Австрија беше ок, бевме силни, но за следната трка, не можам да гарантирам дека ќе бидеме силни, дека ќе имаме перформанси како и останатите.

Тоа значи дека мора да притискаме многу, да имаме самодоверба дека сме силни и дека кога не правиме грешки, победуваме. Го сакаме тоа ниво и ќе продолжиме да притискаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ