Хонда признава: Проблемот кај Макс може да се повтори

Јапонците од Хонда признаваат дека проблемот кој настанал во моторот на Макс Верстапен на квалификациите во Монца може да се повтори во иднина. Тој имаше проблем со ненадејно губење на сила во моторот на првата шикана за време на Италијанското Гранд При кога агрегатот ја намали силата за да не се изврти.

Во тој момент се вклучил безбедносниот систем на Хонда и се намалила силата, но тоа не значи дека Хонда и Ред Бул користат контрола на тракција бидејќи тоа е едноставен безбедносен систем. Контролата на тракција е забранета во Формула 1 од 2008 година.

Според техничките правила на Формула 1 во болидите не смее да има никаков систем со кој ќе се спречат тркалата да изгубат тракција кога ќе се добие повеќе сила.

Тешко е да се каже бидејќи се вклучи филтерот на ФИА. Има шанса да е друго нешто. Тешко е, треба да направиме анализа, но во моментов сме спречени.

Овој проблем не е проблем на најновата спецификација бидејќи се појавил кај сите болиди со Хонда мотор. Хонда имаше проблем со моторот на Квјат поради истекување на малсо.

Го истражуваме проблемот со истекувањето на масло. Кога го сопревме моторот немаше проблем. Се беше во ред и сега не знаеме каде е проблемот. Едноставно падна нивото на масло – велат од хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ