Хонда се соочува со сложена одлука за казни

Одлуката на Хонда кога ќе биде воведена нивната следна спецификација на моторот, која ќе доведе до грид казни за Ред Бул и Торо Росо е многу комплицирана, смета техничкиот шеф на производителот.

Хонда веќе донесе две нови спецификации во 2019 година, а нивниот агресивен пристап овозможува да донесат и трето подобрување за моторите на Ред Бул и Торо Росо.

Третата спецификација на јапонскиот производител го имаше дебито на Француското Гранд При и досега комплетираше 5 трки.

Со трки од кои се бара поголема моќ како Белгија и Италија, а потоа и со регуларно силната трка за Ред Бул во Сингапур, било која од двете трки по летната пауза ќе бидат совршен момент за новиот мотор.

Ова се традиционално пожелни трки за промена кои доведуваат за грид казни бидеќи е полесно да се надоместат позиции во Спа или Монца без да се компромитира силна трка во Сингапур. Сепак, техничкиот директор на Хонда, Тојохару Танабе, вели дека сеуште не донеле одлука.

Дискутираме постојано со тимовите и ќе одлучиме дали да го воведем новиот мотор или подобрена спецификација. Моментално, одлука не е донесена. Завиис од ситуацијата и тајмингот, како и исходот од разговорот со тимовите. Многу е комплицирано.

Сингапур најверојатно ќе биде приоритет бидејќи има дава одлична можност на Ред Бул да стигнат до уште една победа, но домашната трка за Хонда во Јапонија е само петта трка по летната пауза.

Ова воедно најдобра шанса за Хонда за силен резултат на домашната трка во Сузука по нивното враќање во 2015 година.

Ако Макс Верстапен земе казна во Спа или Монца и не искористи нов мотор пред Сузука, тој ќе вози на домашната трка за Хонда со агрегат кој ќе биде користен веќе неколку трки.

Хонда смета дека нивните мотори се доволно издржливи да комплетираат шест тркачки викенди без проблем или деградација во перформансите.

Сепак, можеби нема да ризикуваат во Сузука, а можно решение е промената да се направи на претходната трка во Русија. Со таа жртва, Хонда ќе имаат нов мотор за Сузука и доволно мотори да ја завршат сезоната без дополнителни промени или казни.

Имаме две верзии на планот, краткорочна и долгорочна.

По трката ќе ја разгледаме ситуациајта, состојбата на моторот, можеби две или три трки е краткиот рок. Долгиот рок значи до крајот на сезоната. Многу е комплицирано.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ