Хонда смета дека подиумот е награда за Торо Росо

Хонда сметаат дека подиумот на Даниил Квјат на Големата награда на Германија е награда за Торо Росо за тоа што екипата била доволно љубезна да им помогне на јапонците минатата година кога се подготвуваа на голема врата да се вратат во топ 3 преку Ред Бул.

Во Фаенца уште од лани се вози со јапонски мотори откако Хонда по три години мианти во неуспешна соработка со Мекларен, се реши да го раскине договорот. Напредокот на јапонците лани беа доволна причина Ред Бул да се решат да променат мотори по долгогодишна соработка со Рено што до сега им се исплатува по двете победи на последните четири трки на Макс верстапен.

квјат на трето место беше голема работа за нас затоа што заедно се подобрувавме лани и заедно се мачевме лани. навистина многу се трудевме заедно да се подобриме како екипа. исто така тоа беше вториот подиум за тимот од победата на себастијан фетел во италија во 2008 година така што е голем момент за тимот, а на нас ни е чест што го доживејаа со нас.

зборував со франц тост лани во пресрет на оваа сезона која знаевме дека ќе ја одработиме и со ред бул. зборувавме да пробаме различни работи со нив кон крајот на годината и им благосариме што ни дозволија, им благодариме преку подиумот – изјави оперативниот шеф, масаши јамамото.

Макс Верстапен и Даниил Квјат на подиумт во Хокенхајм беше прв пат двајца возачи со мотори на Хонда да се во топ 3 од 1992 година, а прв пат по 1988 година тоа да бидат возачи од различни екипи. Сепак, Јамамото призна дека победата во Австрија со Ред Бул и Верстапен беше уште поголема за компанијата.

таа победа значи многу за хонда, а по неа одлично го менаџираме моторот, многу подобро од порано. најголема работа е што инженерите се многу, многу мотивирани, а ние сме охрабрени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ