Хонда тактички го “отпечатиле“ моторот на Квјат

Хонда донеле тактичка одлука да отстранат пломба (печат) од новиот МГУ-Х и турбополначот на Француското Гранд При во обид да минимизираат идни грид казни.

Истата била комуницирана од стјуардите, а такви печати се нанесуваат на релевантни елементи од агрегатната единица пред да се користат за прв пат на една трка, со цел да се избегне нивна замена или поправка.

Иако Хонда нема намера да го замени ниту еден дел, јапонскиот производител го отстранил печатот бидејќи според дефиницијата на ФИА Квјат сега го користи својот 4ти турбо полнач и МГУ-Х.

Откако казна од 10 места се доделува само првиот пат кога дпоолнителен елемент се користи, тоа значи дека дополнителни компоненти подоцна во сезоната ќе доведат само до казна од 5 места.

Тоа значи дека Квјат сега може да користи уште еден МГУ-Х, турбо или било која друга компонента која е под влијание на казната од Франција со што ќе добие казна од само 5 места.

Тој исто така може да искористи 3 од тие компоненти во исто време, без да биде испратен на задниот ред од гридот, со што Хонда ќе има поголема флексибилност понатаму. Квјат не е во полоша позиција во Франција, бидејќи и покрај се ќе стартува од последниот ред.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ