Хонда ќе инвестира 140 милиони фунти во нивниот следен мотор

Хонда до сега има импресивна сезона, но и покрај тоа се далеку од освојување на конструкторската титула.

За да се осигураат дека догодина ќе бидат поконкурентни, јапонците се решија да инвестираат дополнителни 140 милиони евра во својот Формула 1 мотор за 2020 година со надеж дека ќе дојдат на ниво на Мерцедес и на Ферари.

Италијанска La Gazzetta dello Sport пренесува дека буџетот на јапонците е поголем одошто на било кој друг производител на гридот. Целта е секако да се стигне пред Мерцедес и Ферари по перформанси и секако да се подобри издржливоста.

Поголемиот буџет значи и ангажман на повеќе луѓе откако во моментов имаат 450 вработени, во споредба со 250 на платниот список колку што имаа во 2017 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ