Хорнер бара само една тренинг сесија доколку се прошири календарот

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека Формула 1 треба да има само една тренинг сесија во секоја тркачки викенд доколку сакаат да воведат повеќе трки во календарот.

За време на минатиот тркачки викенд низ Баку, првата петочна сесија беше целосно загубена поради една шахта која го уништи болидот на Џорџ Расел, а ФИА мораше да ги провери сите 320 шахти низ патеката за да се осигура безбедноста. За време на втората тренинг сесија имаше две црвени знамиња, што значи дека болидите ја имаа само утринската сесија во Сабота за дасе подготват за важните квалификации и уште поважната трка.

Формула 1 челниците размислуваат и на промена на форматот на тркачкиот викенд, но и на воведување на дополнителни трки, по што нивниот број би се зголемил на 25.

Кристијан Хорнер смета дека Големата награда на Азербејџан покажала дека може да се има одличен тркачки викенд со само една тренинг сесија.

зависи колку трки ќе се одличи да има календарот, ако се смета на воведување на повеќе, тогаш треба да се компензира со времето на траење на тракачките викенди.

видовме дека една сесија беше одлична во петок во баку, можеби само една сесија во пресрет на квалификациите е исправен избор. тогаш луѓето ќе доаѓаат подоцна, трошоците ќе бидат помали. но и потребата од делови исто така.

сметам дека една тренинг сесија е доволна за еден тркачки викенд – дециден е хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ