Хорнер: Верстапен навистина созреа во 2019

Тимскиот шеф на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека Макс Верстапен навистина созреал во текот на 2019 година.

Верстапен е на трето место во пласманот на половина од сезоната со заостанување од 69 поени позади Луис Хамилтон и само 7 поени позади второпласираниот Валтери Ботас.

Холанѓанецот има неверојатни перформанси годинава и стигна до две победи во последните четири трки. За малку не стигна до победа на последната трка во Унгарија, но благодарение на одличната стратегија на Мерцедес, Хамилтон стигна до првото место на подиумот во самата завршница.

Мислам дека вози со одлична зрелост. Дури и на крајот на трката, да се изгуби победа на четири кругови до крајот е навистина фрустрирачки, но тој ја согледува “големата слика“.

Знаеше во која ситуација се наоѓаме и сфати како ќе се одвива трката, бидејќи за некој изгледаше дека Ред Бул имале погрешна стратегија, што не беше случајот.

Мерцедес едноставно имаа побрз болид и можност за слободно влегување во бокс. Макс беше зрел и веднаш сфати која е ситуацијата и мислам дека со тоа навистина пораснал годинава.

Верстапен е далеку од стартот со судари од 2018 година и моментално ужива во одлична серија со пласман во топ 5 на последните 21 трка, вклучувајќи и 3 победи.

Мислам, не само во последните трки, но во текот на целата сезона, особено по Монтреал од минатата година, тој вози неверојатно добро со многу висок стандард.

Навистина се му појде од полза на последните трки. Победата во Австрија беше клучен момент, бевме конкурентни во Силверстон и очигледно во Германија тој беше феноменален, беше фокусиран, имаше форма во променливи услови и заврши на врвот со победа.

Тој е во одлична форма и се надевам дека ќе продолжи така по летната пауза. Навистина испорачува на екстремно високо ниво.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ