Хорнер го почитува одговорот на Норис

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, го почитува тоа што Ландо Норис е задоволен од избегнувањето на казна за Алекс Албон. Возачот на Ред Бул “падна“ зад болидите на Мекларен по лошиот старт, но го помина Ландо Норис со агресивен потег при што Норис мораше да оди надвор од патеката за да избегне судар.

Норис изјави дека Албон го исфрлил од патеката и тоа е само жестоко тркање и ништо повеќе.

Мислам дека беше фер затоа што Само ги допреа тркалата, Тоа беше добро тркање. Добро беше да се види дека стујардите донеле исправна одлука.

Го почитувам мислењето на Норис. Контакт беше неизбежен во таа ситуација. Мислам дека правилно жестоко тркање и треба на Формула 1 – смета хорнер.

Албон го помина и другиот болид Мекларен возен од Карлос Саинз и заврши на четврта позиција. Тоа им даде некаква награда по одличната стратегија одличното темпо за тимот на домашната трка на Хонда.

Ова е одличен резултат и мислам најдобар за Хонда во хибридната ера на домашна патека. По лошиот старт ова беше максимум.

Алекс беше во “ничија земја“ и потоа се доближи до Ферари и Мерцедес со силна трка. Има уште многу работа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ