Хорнер загрижен за 22 трки со три мотори

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, изјави дека нема против една трка повеќе следната сезона, се додека се дозволи користење на повеќе мотори за таа намена.

Се чини дека Шпанија ќе остане на календарот и догодина, а со додавањето на Виентм и Холандија и отстранувањето на Германија, ќе се дојде до рекорден календар од 22 трки. Либерти Медиа го ставија ова како предлог кој треба да добие согласност, но во последно време се заговара за намалување на тестовите со цел да се добие повеќе слободно време.

ние би поддржале повеќе трки, во принвип нашиот одговор е позитивен по тоа прашање. но, ако сакаме календар со 22 трки, сметам дека треба да добиеме еден мотор повеќе затоа што и како што е ситуацијата сега, најголем дел од екипите ќе отслужат казни поради недозволен број на мотори. по мене има смисла дасе зголеми дозволениот број на мотори и компоненти – смета хорнер.

ФИА не сака повеќе мотори по сезона чисто од финансиски аспект и намалување на трошоците. Хорнер смета дека со намалување на тестирањето, каде нема ограничување на бројот на мотори, ќе се донесе доволна заштеда за да се добие дополнителен мотор во сезоната.

ако го погледнеме коефициентот и кажеме дека е подобро дополнителен мотор за сезоната одошто мотори за тестирање, можеме да ги намалиме сезонските и предсезонските тестови. ако тоа ослободи простор за цел мотор, тогаш ќе биде одлично.

веќе од следната трка ќе има многу казни, а само сме на половина од сезоната. со тоа, дополнителна трка ќе значи уште поголеми проблеми.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ