Хорнер задоволен од Албон: Одличен почеток

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, е многу задоволен од првичните впечатоци од својот возач, Александер Албон, откако британецот со тајландско потекло ја одработи својата прва трка за новата екипа.

По само 12 трки извозени во јуниорскиот Торо Росо, Алекс беше прекомандуван во Ред Бул како замена за Пјер Гасли кој од почетокот на сезоната е далеку од очекувањата.

алекс ми остави одличен впечаток, ни дава одличен фидбек и има одлична брзина и ритам во исто време – гласат првичните впечатоци на тимскиот шеф.

Сепак, возачот немаше лесен викенд затоа што од Петок се знаеше дека поради новм мотор ќе ја почне трката од задниот дел.

од 18то до 5то место е фантастичен старт за него. во трка беше многу зрел и не правеше никакви глупости. се надевам дека неговите перформанси ќе бидат на исто ниво и на следниот тркачки викенд во монца.

Тркачкиот викенд беше тежок за Ред Бул откако Верстапен се мачеше с моторот на Хонда од почетокот на викендот.

ја тестиравме 4та спецификација кај Квјат во петок и и тоа што го видовме е охрабрувачки. проблемот со макс се појави поради тоа што неговиот мотор беше многу агресивен затоа што само на тој начин можевме да се бориме со мерцедес.

веројатно новиот мотор ќе го користиме цел викенд во монца, но сеуште не е решено, разговараме со хонда.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ