Хорнер зачуден од одлуката на Хаас за Гросжан

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер е зачуден од одлуката на Хаас да го задржи Роман Гросжан во својот болид и наредната сезона. Американците објавија дека ќе го задржат французинот иако тој се мачи со перформансите оваа сезона.

Хорнер се прашува дали тоа е исправна одлука на тимот бидејќи имале интересен избор за негова замена.

Не гледам причина за тоа, но Тоа е нивни избор, ги имаат податоците и сите информации. од надвор тоа личи како интересен избор – смета хорнер.

Одлуката на Хаас да го задржи Гросжан и Магнусен го остави Нико Хулкенберг без избор за наредната година. Медиумите шпекулираат дека Хулк може да заврши во Ред Бул крај Макс Верстапен, но Хорнер објасни дека тешко било тој да ја добие позицијата кога ги имаат Александер Албон, Даниил Квјат и Пјер Гасли под договор.

Нико е квалитетен возач и заслужува место во Формула 1, Но чудно е што остана без место. доколку се прашуваме ние во Ред Бул, ние имаме многу млади таленти. Не треба да гледаме надвор иако би било тешко да се замисли Нико како наш возач.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ