Хорнер: Имавме гарантиран подиум, но сударот ни го одзеде

Кристијан Хорнер е фрустриран од Себастијан Фетел откако грешката на германецот им го одзеде подиумот кој им бил гарантиран со изданието и возењето на Макс Верстапен. Двајцата возачи продолжија по сударот, Себ влезе во гаража по поправки, додека Макс на кусо “се прошета“ крај пактеата.

Како и доктор Хелмут Марко, и Кристијан Хорнер верува дека сударот им одзел сигурен подиум за холанѓанецот.

јасно е дека сме многу фрустрирани затоа што сударот го симна макс од гарантиран и сигурен подиум. не знам точно кое место на подиумот, но ќе бевме во топ 3. сигурно ќе дојдевме на 2ро место, а потоа валтери ќе требаше да не брка и да се помачи да го претекне на патеката – смета хорнер.

Сударот многумина сметаат дека е сличен со оној на Верстапен и Рикардо на Ред Бул лани во Баку додека беа тимски колеги и се бореа за позиција. За чудо, овој пат Макс ја продолжи трката без да оди во бокс, нешто за што и Хорнер бил вчудоневиден.

фрустрирани сме, но беше фантастично што болидот продолжи да вози. да се продолжи со такво оштетување беше неверојатно и успеавме да ја завршиме трката и да освоиме добри поени.

фрустрирани сме затоа што јасно е дека макс направи одлично минување на себ и можам само да помислам дека тој целосно лошо ја процени ситуацијата, тркалата му се закочија и се случи тоа што се случи.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ