Хорнер: Мерцедес е фаворит за Монако

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер смета дека Мерцедес повторно се фаворити и на следната трка од календарот, Големата награда на Монако.

Мерцедес триумфираше на последните седум трки вклучувајќи и пет оваа сезона со 1-2 победа.

Ред Бул последниве години го имаше најбрзиот болид во Монако, а Даниел Рикардо доминираше минатата година. Но поради брзината на Мерцедес, посебно во бавните свиоци, се очекува тие да победат и во Монако.

Тие се многу брзи. Во Барселона имаа комплетна доминација. Посебно во Монако може да се видат нивните перформанси во спорите свиоци. Тие се фаворити, но ќе дадеме се од себе да им се спротивставиме – најави хорнер.

Кристијан оваа сезона ја нарече “Мерцедес шампионат“ и смета дека тие не може да бидат победени.

Сигурно Мерцедес се мерило, бидејќи пет 1-2 победи се постигнуваат само со најдобар болид.

Сите може да бидат победени. Мерцедес во моментов се на врвот, но тоа нема да трае вечно доколку не си ја завршиме работата и да ги предизвикаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ