Хорнер: Немаше да биде добро ако Макс влезеше во бокс

Мерцедес и Луис Хамилтон успеаа да ги победат Ред Бул и Макс Верстапен со одлична стратегија. Хамилтон успеа да го стигне Верстапен откако влезе по медиум гуми. На крајот на трката беше лесно да го престигне бидејќи Верстапен беше на стари хард гуми.

Хорнер смета дека не било најдобра опција да го внесат Верстапен веднаш по Хамилтон.

Имавме добра позиција на патеката, но мислам дека Мерцедес имаа побрз болид од нас што беше импресивно. Им ги дадовме сите опции за бокс без последици.

Ако го внесевме Макс со една секунда предност тоа ќе беше лошо за нас. Макс извлече се од болидот, Но на крајот на вториот сектор Луис беше напред и немаше смисла да се агрози позицијата. Единствена шанса беше да чекаме.

Ако го внесевме од водечка позиција тоа ќе беше лудо. Тие немаа што да изгубат и им успеа, но сепак беше пеколен викенд за Макс кој сега е на само 7 поени од Валтери.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ