Хорнер открива: Сеуште не сме оптимизирани

Кристијан Хорнер, шефот на Ред Бул, е свесен за напредокот на екипата оваа сезона, иако знае дека сеуште треба да се оптимизира пакетот за да се извадат дополнителни перформанси од болидот.

Макс Верстапен стигна до подиум во Шпанија што е втор пат за него оваа сезона, а радува тоа што ги остави двата болиди на Ферари зад себе, иако немаше сила да се доближи до “сребрените стрели“ пред себе. Според Хорнер, Мерцедес најдобро ги разбрале правилата оваа сезона, што беше очигледно во последниот сектор во Барселона каде Мерцедес ја уништуваше конкуренцијата.

мерцедес направија одлична работа со вадење на перформанси од нивниот болид во последниот дел од патеката. мислам дека ние се ушт ене сме оптимизирани во однос на тоа каде сакаме да бидеме и во однос на првичната замисла за болидот. напредувавме викендов и се надевам дека ќе продолжиме со исто темпо – најави хорнер.

Шефот на екипата смета дека одличниот викенд во Барселона покажал дека го надминале заостатокот во однос на Ферари.

имавме агресивна стратегија со две застанувања по нови гуми, но јасно е дека имавме и ритам да ги победиме ферари. со оглед на тоа каде бевме на предсезонскиот тест пред две недели, се доближивме до нив и го намаливме заостатокот во однос на перфомансит по што мораме да бидеме охрабрени. јасно е дека следно е фокус на заостатокот во однос на мерцедес.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ