Хорнер открива: Сите во Ред Бул се согласија со промената на возачите

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, откри дека никој во тимот не бил против промената на возачите по првиот дел од овогодишната сезона, односно по првите 12 трки од календарот.

Дебитантот од Торо Росо, Александер Албон, го превзема местото крај Макс Верстапен, додека Пјер Гасли кој не покажа перформанси, беше вратен во тимот од Фаенца каде пред почетокот на сезоната се наоѓаше.

На првата трка Албон импресионираше откако тргна од 17то место, а дојде до одличното 5то место и силни поени. Запрашан кој ја донел финалната одлука околу возачите, Хорнер откри:

на крајот тоа беше одлука на дитрих матешич затоа што тимот е негов. секако дека препораките беа пред него. интерно дискутиравме јас и хелмут марко заедно со инженерскиот тим и адриан њуи и сите беа на исто гледиште дека промена трба да има.

Тој дополнително ја појасни и одлуката да му се даде предимство на Албон во однос на Даниил Квјат кој е далеку поискусен, а пред летната пауза стигна до фантастичен подиум во Германија.

секако дека размислувавме и за даниил затоа што тој врши одлична работа со торо росо годинава. но, неговото заминување многу ќе им наштетеше на торо росо затоа што тој е искусниот возач во тимот, а веќе имаме и многу информации од неговото време минато кај нас.

дани е долго врем дел од нашата програма, возеше за ред бул, го знаеме и поради тоа сакавме да видиме што може албон.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ