Хорнер сака промена кај казните во Петок

Кристијан Хорнер, првиот човек на Ред Бул, откри дека Формула 1 екипите се согласни дека правилата во однос на прекршоците кои се прават во Петок треба да се променат.

Британецот беше фрустриран за време на последниот тркачки викенд откако неговиот возач Пјер Гасли доби казна да стартува од бокс откако не застана на задолжителното мерење од страна на ФИА, а неговиот број беше истакната од страна на стјуардите.

Тимот бараше од Пјер да влезе со поголема брзина во линијата кај боксовите затоа што механичарите сакаа да вежбаат менување гуми, така што возачот не го забелеа неговиот истакнат број што значеше да се упати кон делот за мерење.

Строгата казна го налути Хорнер, по што тој разговараше со Рос Браун, главниот за моторспорт на Формула 1.

јасно е дека возачот е тој кој го гледа светлото, а има и потсетник во вид на истакнат број, но ние се фокусиравме на вежба на менување на гуми. му беше кажано да вежба влез во боксот како на трка, што е поинаку во баку, по што имаше и мало пролизгување при влезот.

го промаши семафорот, а тимот беше фокусиран на “летечка“ промена на гуми, односно на двојно менување затоа што зад него беше макс.

сите на состанокот кој го имавме со рос браун се согласија дек казните во петок не треба да влијаат на целиот тркачки викенд и дека треба да се променат затоа што се премногу строги.

ако беше 50 килограми полесен од минималната теина, казната ќе беше иста – објасни хорнер.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ