Хорнер: Само Мерцедес би се противеле на промена на гумите

Кристијан Хорнер смета дека сезонава гумите на Пирели му даваат огромна предност на Мерцедес и дека италијанците треба да ги вратат старите пневматици поради подобра конкурентност и многу поголема забава.

“Сребрените стрели“ целосно доминираат со сезонаа и стигнаа до 1-2 победи на првите пет трки, а само на последната во Монако победија во 1-3 стил.

Кристијан Хорнер смета дека доминацијата во однос на перформансите на екипата се должи токму на гумтие.

гумите имааат потенок гумен слој, а мерцедес профитира од тоа сезонава. потребно е многу повеќе енергија за загревање и многу е потешко да се донесат до оптимална температура и да се создаде доволно топлина во овие пневматици.

кога ги пробавме на неколку трки лани овие гуми, мерцедес победија на сите.

имаат огромна среќа што гумите се променија сезонава и истите премногу им одговараат на нив. нивнтие болиди традиционално имаат силна деградација на гумите, особено на задните, но овој пат се им оди од корист и ги става во доминантна позиција, а ние останатите треб да стигнуваме – смета хорнер.

Тимскиот шеф продолжи дека за подобро шоу и конкурентност, Пирели треба да ги врати старите гуми кои се користеа до лани.

најдобра работа очигледно дека ќе биде да се вратат ланските гуми. веројатно тоа ќе усреќи девет екипи, а една нема да биде задоволна. но, во итнерес на екипите и формула 1 е пирели да го направи тоа.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ