Хорнер: Се е во рацете на Албон

Кристијан Хорнер објасни дека единствено Александер Албон може да направи нешто и самиот д го загуби местото во Ред Бул крај Макс Верстапен следната година, кое во моментов е негово.

Пред почетокот на вториот дел од сезоната, тимот од Милтон Кинс се реши да го врати Пјер Гасли во Торо Росо, а на негово место да го донесе Албон, британецот со тајландско потекло кој е дебитант во Формула 1 сезонава.

Хелмут Марко веќе најави дека за местото колега на Верстапен во 2020 година ќе се борат французинот Гасли и Алекса Албон.

мислам дека алекс направи неверојатна работа што имаше исто време како макс на квалификациите во јапонија, патека на која прв пат вози и каде возачот е многу важен. носи добри резултати за нас, така што само тој може да си го загуби местото во тимот и мислам дека се што до сега направи е супер – полн со пофалби е хорнер.

Ред Бул има доста возачи под долгорочни договори така што може да си дозволат да ја одложуваат одлука до подоцна.

сеуште имаме многу време затоа што сите возачи ни се под договор и нема потреба да брзаме. како и да е, многу сме задоволни од алекс.

Во врска со последната трка, Кристијан е задоволен од начинот на кој Албон надоместуваше позиции кои ги загуби на стартот од возачите на Мекларен.

извозе одлична трка, имаше лош старт, но добро с еврати, го мина ландо норис, го мина и карлос саинз и одлично одработе стратегија со две застанувањ аво бокс. за жал веќе загуби време во однос на лидерите и не можеше повеќе од 4то место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ