Хорнер смета дека трка во Лондон мора да мине до Бакингемската палата

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, верува дека евентуална организација на трка во Лондон мора да ја трасира патеката на начин за истата да минува до Бакингемската палата. Сепак, тој смета дека настанот не мора да се одржува секоја година.

Веќе подолго време американските сопственици на тркачката серија се заинтересирани за трка низ улиците на Лондон, а интересот не се намалува и покрај тоа што викендов беше обелоденето дека Силверстон останува на календарот најмалку до 2024 година.

Како можна дестинација за трката се споменуваше Источен Лондон и препознатливите докови на пристаништето на Темза со цел да се избегне било какво реметење на централното градско подрачје.

идејата за трка во лондон е многу интересна, но мислам дека е тешко изводлива како годишен настан. би било фантастично да се има еднаш таква трка во календарот или пак некоја европска градска трка која секоја година би ротирала.

се додека не се одзема формула 1 трката од силверстон, да се гледаат формула 1 болиди низ улиците на лондон би било импресивно – смета хорнер.

Запрашан околу местото каде трката би се одржувала, Кристијан е јасен:

секако дека мора да се мине до бакингемската палата. лондонско гранд при би било добро само доколку се покаже вистинскиот лондон. доколку се вози во некое предградие атрактивноста би била многу мала.

Се шпекулира дека новиот договор кој го потпишаа организаторите во Силверстон има свои механизми кои ја штитат историската трка од евентуален настан во Лондон.

треба да се има поинаков пристап за една таква трка и наместо огромна сума за годишно учество на трката во календарот, со оглед на тоа што на организаторите ќе им требаат навистина многу пари за организација, треба да се фокусираме на потенцијалните комерцијални и финансиски придобивки во иднина.

Износите кои ќе се добиваат од гостит еби биле астрономски и поради тоа трката треба да се гледа како на одличен и многу исплатлив бизнис наместо да се наплатува огромна сум пари претходно.

голем дел од парите не беа однапред платени во зандворт. договорот е скроен така што да бидат имплементирани износите кои се потребни за враќање на патеката согласно стандардите.

трката е базирана на поддршката на народот и одличниот формула 1 возач на гридот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ