Хорнер смета дека Фетел се мачи во Ферари

Тимскиот шеф на Ред Бул и поранешен шеф на Себастијан Фетел, Кристијан Хорнер, смета дека германецот се мачи под огромиот притисок која владее во Маранело кај Ферари.

Себ дојде во Скудерија во 2015 година по неверојатните четири двојни титули со Ред Бул и се надеваше да го повтори успехот на Михаел Шумахер По пристигнувањето тој не успеа да ја врати надежта за титула во Ферари и тимот се мачи да стигне до нивото на Мерцедес.

Хорнер смета дека огромниот притисок кој го има во Маранело полека, но сигурно го стасува Фетел.

со нас себастијан беше одличен кога водеше на трка и контролираше се, секогаш беше силен и непогрешлив на таа позиција. денеска изгледа дека е под многу поголем притисок затоа што ги носи надежите на ферари кои со себе носат огромен притисок.

да се извади најдоброто од луѓето мора да донесете резултати за да има врвна атмофера во екипата, тоа е многу, многу важно – смета хорнер.

Со се поголемиот притисок што го тера се почесто да греши, добрите познавачи на спортот сметаат дека германецот многу скоро ќе се откаже од Формула 1, но самиот возач го демантираше тоа. Сепак, Хорнер не отфрла таква можност доколку Себ повеќе не се забавува за време на трка.

себастијан е многу самостоен човек, тој е огромен обожавател на историјата на спортот и како и сите кога ужива во тоа што го прави е многу подобар. секако дека годините во ред бул секогаш се забавуваше дури и кога се натпреварувавме силно против конкурентите.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ