Хорнер смета дека Ф1 тестовите треба да останат во Барселона

Шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, смета дека Формула 1 тестовите треба да останат на шпанска Барселона-Каталуња.

Продолжувањето на Големата награда на Шпанија во иднина е под знак прашалник затоа што договорот истекува оваа година, а шефовите на спортот веќе открија дека следната година холандски Зандворт се враќа во елитата.

Формула 1 болидите се тркаат во Барселоан од 1991 година, а патеката редовно е место каде се вршат предсезонските тестови.

би било штета ако не дојдеме повторно да се тркаме во Барселона, но секако дека дефинитивно треба да продолжиме да тестираме таму. ислам дека тоа што патеката е во европа и има добро време е голем плус.

во однос на трошоците јасно е дека ефикасноста за тестови во европа во ситуација кога сите тимови се од европа е логично. патеката е комбинација од летечки, средно брзи и бавни кривини и штета доколку овие карактеристиките не се користат за тест – смета хорнер.

Патеката од 2016 година е ексклузивно место за одработување на зимските тестови, а претходно домаќин беше исто така шпански Херез. Но, автодромот Херез не организирал трка од 1997 година, а последно користење од болиди беше во 2014 и 2015 година кога тимовите го делеа тестот помеѓу Бахреин и Шпанија.

Пустинскиот Бахреин беше во комбинација за овогодишните тестови, но одлуката падна на Барселона.

добра патека, разумно време, одлично познавање така што не гледам зошто да не доаѓшаме овдека секоја зима

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ