Хорнер: “Чистиот“ дуел е токму тоа што и треба на Ф1

Кристијан Хорнер верува дека би било погрешно ако стјуардите одлучат да го казнат Макс Верстапен за претекнувањето на Шарл Леклер со што стигна до победа и вели дека токму такви дуели и се потребни на Формула 1 во моментов. *** Хорнер ја даде оваа изјава пред да биде донесена одлуката на стјуардите. ***

На 2 кругови до крајот, Верстапен конечно го претекна Леклер во близок дуел, но притоа Леклер беше истуркан поради позицијата на холанѓанецот.

Хорнер, тимскиот шеф на Ред Бул, го сподели своето мислење:

Мислам дека му остави доволно простор. Леклер ја имаше можноста, тој беше целосно од надворешната страна, а Макс од внатрешната. Во тој момент, Макс неможе да се тргне. Леклер мора да го предаде свиокот во некој момент.

Чисто е. Очигледно беше агресивно, но што треба да правите?

Ова е токму тоа што и е потребно на Формула 1. Ова е силно тркање помеѓу двајца возачи кои се наша иднина. Ако му ја земат победата на Макс тука, според мое мислење, тоа е ограбување на Формула 1.

Ова ни треба, возачи кои ќе се тркаат блиску и ќе се борат еден со друг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ