Хулкенберг верува во задржување на моментумот

Нико Хулкенберг верува дека Рено може на Пол Рикар да продолжи онаму каде што застана на Жил Вилнев и да додје до силен резултат во викенд без проблеми.

На Канадското Гранд При францускаа фабричка екипа стигна до првите двојни поени оваа сезона, беа 6то и 7мо место на крајот. Техничките проблеми го оставија Рено без очекувантие резултати од почетокот на сезоната, откако планот на французите беше лесно освојување на 4то место и намалување на разликата во однос на оние пред себе.

напорната работа секогаш се исплати. беше одлично да се види како силниот тимски напор донесе силен резултат на трката. на претходните трки не стигнавме до посакуваниот резултат, понекогаш поради технички проблеми или човечка грешка, а овој пат мислам дека го остваривме потенцијалот со добриот резултат.

конечно имавме “мазен“ и безгрешен тркачки викенд за добри поени и се надеваме дека канада ќе биде пресвртница оваа сезона – посакува хулк.

Моторот на Рено веќе може да се вози со целосниот капацитет, а во Франција се очекуваат и аеродинамички новини на шасијата, по што Нико верува дека формата од Канада ќе се пренесе и на домашната трка за да стигнат поблиску до водечките три екипи во првенството.

ќе имаме новини за домашната трка и возбуден сум за нив да дознаам дали ќе ни додадат перформанси и дали ќе не однесат поблиску вдо водечките. имаме добар пакет, болидот константно работи, а јас сум оптимист.

знам дека болидот секогаш имал потенцијал, но грешките не ни даваат да го покажеме, а на патеки каде лесо се претекнува ни беше тешко да ги вратиме загубентие позиции. добра награда е резултатот минатиот тркачки викенд за да видиме реално до каде сме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ