Хулкенберг вознемирeн поради тимските наредби

Возачот на Рено, Нико Хулкенберг, бил вознемирен откако тимот му наредил да ја задржи позицијата позади Даниел Рикардо на Канадското Гранд При, пренесе тимскиот шеф, Сирил Абитебол.

Хулкенберг влезе во бокс 8 кругови по Рикардо и имаше подобри перформанси при крајот на трката, доближувајќи се до Рикардо откако беше претекнат од Макс Верстапен.

Но двата болида на Рено ги задржаа своите позиции до крајот, а Рикардо заврши четири десетинки пред Хулкенберг на шесто место.

Даниел возеше на малку постари пневматици од Нико и бидејќи мораше да нападне неколку брзи болдии, очигледно пневматиците не беа во најдобра форма.

Можеби Нико ќе имаше перформанси да го претекне, но искрено им рековме дека ни треба конечниот резултат. Не сакам да правам такви работи, не е тоа стилот на екипата, тоа не планираме да го правиме во многу наврати.

Сакав да се осигурам дека тимот ќе се врати со добар резултат и возачите исто така. Важно беше да се вратиме до 4то место, односно до Мекларен.

Нико е малку вознемирен и го разбирам – ја објасни ситуацијата Абитебул.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ