Хулкенберг го откри “планот Б“

Нико Хулкенберг е еден од најискусните возачи на Формула 1 гридот, а многумина сметаат и дека е еден од најпостојаните возачи, но неговите шанси да остане на гридот во 2020 година се повеќе се намалуваат.

Хулкенберг ќе замине од Рено на крајот на годината по 3 сезони минати во Енстон, а Естебан Окон ќе биде негова замена со двегодишен договор. Германецот бараше сличен договор од екипата, но тие му понудиле само едногодишна соработка. Иако има верба да добие место на гридот, Хулкенберг сепак го сподели своето гледиште:

Дефинитивно има интерес и опции на гридот за мене, а има преговори во тек. ништо не е конкретно и одлучено, Ако сакам, ќе најдам друго место – најави хулк.

Се претпоставуваше дека американците од Хаас се заинтересирани за Нико, каде тимскиот шеф Стаинер беше отворен околу опциите за колега на Кевин Магнусен, Хулкенберг или Роман Гросжан. Во меѓувреме Хаас потврдија дека Гросжан останува, така што за следната година сега има уште само неколку слободни места.

Откако и Ред Бул потврдија дека сакаат возач од своите редови покрај Макс Верстапен за догодина, остануваат места само во Вилијамс и Алфа Ромео.

Според германски Ауто Билд, можно е Алфа Ромео да биде спасител за Хулкенберг, откако Џовинаци успеа да има само два финиша во топ 10, за разлика од 8 трки во поени за Раиконен.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ