Хулкенберг демантира дека потпишал со Хаас

Германецот Нико Хулкенберг ги отфрли гласините дека веќе потпишал договор со американски Хаас за наредата година.

И покрај навредите кои ги разменија во 2017 година со Магнусен, сепак тој не гледа проблем да биде колега со данскиот возач догодина.

Нико е доста брз, искусен и почитуван. Тој би бил најдобар можен колега и мислам дека заслужува внимание – изјави Магнусен.

Се верува дека договорот со Хулкенберг ќе биде објавен во Сингапур само неколку дена откако Стаинер изјави дека формата на Роман Гросжан оди нагоре-надоле. Сепак, Хулкенберг отфрла било какво потпишување.

Нема ништо потпишано, јас си работам со мојот тим. Има некој интерес и некои преговори, но нема ништо конкретно. ДОколку сакам ќе добијам ново место.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ