Хулкенберг: Дефинитивно имавме среќа

Откако беше приморан да избегне неколку инциденти на стартот, Нико Хулкенберг призна дека имале тешка трка во Белгија, иако профитираше во последните неколку кругови и освои 4 поени на осмата позиција.

Возачот на Рено изгуби позиции во првиот круг, но откако средината е толку блиска во 2019 година, тој знаел дека надоместување на позициите ќе биде многу тешка работа.

Хулкенберг, кој дозна по летната пауза дека ќе биде заменет со Естебан Окон во 2020 година, стигна на 10то место со само неколку кругови до крајот, но механичките проблеми на Ландо Норис и Антонио Џиовинаци значеа дека тој ќе се пласира на осмата позиција.

Беше тешка трка од самиот почеток. Морав да избегнам неколку инциденти и изгубив неколку позиции. Средината беше многу тесна повторно, поради што напредокот не беше лесен.

Влеговме во бокс покасно и тоа се исплатеше. Бевме среќни во последните неколку кругови, но тоа е тркањето.

Добро беше да се освојат поени по шокантните вести. Утрината беше тешко, но откако ја ставате кацигата, адреналинот почнува да работи. Задоволство беше да се освојат поени.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ