Хулкенберг за Сочи: Се тргна наопаку

Нико Хулкенберг откри дека многу проблеми довеле до финиш на 10то место и само поен од Сочи откако имал амбиција дури и да го предизвика Карлос Саинз кој финишираше на високото 6то место како најдобар од останатите.

Германецот имаше добри квалификации во Русија, но потпомогнат и од казната на Макс Верстапен дојде до 6то место на стартниот грид. Немаше добар старт, а следуваа и многу проблеми на патот до неговото 10то место.

не можам да бидам среќен и задоволен затоа што болидот требаше да биде на 6то место, имаше сила за тоа и требаше да се борам со карлос саинз за таа позиција. денеска не ни било пишано затоа што се што можеше да тргне наопаку на трката – тргна.

лош старт, лошо менување гуми, лош тајминг на безбедносното возило, гужва, проблеми со моторот при крајот, беше многу тешко да се вози во такви услови и навистина не ни смеам да побарам нешто повеќе од 10то место на крајот – објасни нико.

Иако влезе во боксот кога се појави безбедносното возило, излезе во голема гужва, но сепак смета дек на трката најмногу и наштетил лошиот старт.

јасно е дека се почна со очајниот старт. загубив 3-4 позиции само таму и јасно е дека тоа не е добро и ве остава “во расчекор“ и изложени на напади.

загубив време и во боксот, а тоа во средината од поредокот каде секоја стотинка е важна и многу скапо.

такво е тркањето, ќе се соземеме и се враќаме силни во јапонија.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ