Хулкенберг имал реална можност да премине во Ферари во 2014

Возачот на Рено, Нико Хулкенберг, се присетува на периодот од пред 5 години кога имал шанса да премине во Формула 1 гигантот, Ферари.

Хулкенберг се трка во Формула 1 од 2010 година и се смета за солиден возач иако нема ниту еден подиум во спортот. Германецот возеше за Заубер во 2013 година на двегодишен договор, но поради финансиски проблем во тимот, тој го раскина договорот.

Сегашниот возач на Рено бил во преговори со неколку екипи, меѓу кои и Ферари, кога Фелипе Маса бил на работ да се приклучи на Вилијамс за крај на својата Формула 1 кариера. Кими Раиконен беше избран од Ферари на крајот, откако имаше импресивни перформанси во Лотус.

Никогаш не знаете што да очекувате, а тие кои носат вакви одлуки не ви кажуваат. Имаше некои дискусии и мислам дека имаше реална можност, но за жал не се случи – се присетува германецот.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ