Хулкенберг: Можеме да бидеме задоволни од Канада

Нико Хулкенберг смета дека Рено заминуваат од патеката Жил Вилнев со насмевка на лицата благодарение на одличните двојни поени за екипата.

Нико и Даниел Рикардо се квалификуваа во топ 10, австралијанецот успеа да постави време доволно за 4то место, имаа одличен ритам и на крајот завршија на 6то односно 7мо место како најдобри од останатите.

Стартот беше одличен за Хулк затоа што го мина Валтери Ботас од Мерцедес, а покрај тоа и одлично менаџираше со гумите што му помогна преку бокс да го мине и Пјер Гасли. Го задржа французинот од Ред Бул зад себе, а во исто време Рикардо имаше одлична борба со Ботас.

Германецот имаше сила и да нападне за 6то место на колегата, но во Рено решија да не си прават проблеми и да не уништуваат 14 поени на тимското конто.

можеме да бидеме задоволни од трката затоа штоа тимскиот резултат беше одличен. имав силен ритам цела трка, софт гумите ги задржав долго време, а потоа со свежи гуми возев до крајот.

морав малку да олабавам за да болидот не прегрее и потоа стигнавме до одличен резултат за екипата. треба да сме задоволни и насмеани.

последните три или четири тркачки викенди имавме проблеми со различни причини, но во монтреал стигнавме до целосниот потенцијал на нашиот болид.

добивме одлична награда за напорната работа на тимот како во енстон така и во вири и сега мораме да продолжиме во исто темпо – појасни хулкенберг.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ