Хулкенберг не сака да ги притиска Рено

Нико Хулкенберг вели дека мирниот и сталожен пристап е најдобриот начин за Рено да го надмине лошиот почеток на сезоната.

Рено досега имаат потешкотии да ја одбранат својата позиција како “најдобри од останатите“ во генералниот пласман и моментално се на седмо место, а Хулкенберг и Рикардо имаат освоено по само 6 поени поединечно.

Но додека Рено се обидува да се врати, Хулкенберг смета дека дополнителен притисок може да има негативен ефект.

Очекувањата се големи како и секогаш, но не треба да претераме со притисок над луѓето. Понекогаш мора да направите чекор назад, да земете воздух и да ги оставите луѓето да работат.

Додавање притисок не секогаш се исплати.

Не велам дека се однесуваме лошо кон луѓето, но постои правилно време за одредени активности.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ