Хулкенберг: Ова беше брутално

Нико Хулкенберг го опиша неговото откажување како брутален момент, откако тој и неговиот колега, Даниел Рикардо, се откажаа од трката во само неколку секунди.

Германецот беше на прагот на топ 6 пласман откако се бореше цела трка од првиот круг, но проблем со моторот го паркираше крај патеката на неколку кругови пред крајот. Даниел Рикардо запре во речиси истиот момент, а кај него кинетичкиот МГУ-К бил макаа.

во главата јас веќе ги имав запишано тие поени, но како што гледате, трката мора да се заврши цела. ако не ги земам во предвид тие три кругови, контролирав се, имав предност пред норис и се беше како што треба без никакви знаци за било какви проблеми. се се случи одеднаш и неочекувано.

вкусот е многу горчлив, но мораме да го проголтаме овој брутален момент кој може да се случи само во тркањето.

но, позитивно е тоа што имавме пристоен ритам деенска, за разлика од вчера кога имавме некои проблеми кои ги отстранивме – објасни хулкенберг.

Германецот ја почна трката од 17то место и имаше луд почетен круг кога напредуваше кон поени.

првиот круг беше како војна, болиди на секаде, контакти, искри, делови летаат, имав мал удар од еден дел во нацигата, имаше се. трката беше спектакуларна, а јас многу претекнував што беше многу забавно.

ќе беше одлично да стигнам до поени како награда за добрата трка, но мораме да се вратиме на следната трка.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ