Хулкенберг потврди дека преговарал со Васур

Германецот Нико Хулкенберг потврди дека бил во контакт со првиот човек на Алфа Ромео, шефот Фредерик Васур. Тој го загуби своето место во Рено за следната година откако фабричката екипа се реши за Естебан Окон, а и тимот на Хаас кои беше во комбинација, се реши да го потврди својот возач Роман Гросжан за следната година.

разговаравме за различни работи, а перформансите оваа година беше една од нив – откри хулк за руски Sportbox.

Нико многу добро го познава Фредерик Васур затоа што возеше во неговиот тим додека се тркаше во ГП2 тркачката серија. Алфа Ромео го има Кими Раиконен под договор за следната година, а Антонио Џовинаци иако беше под притисок од почетокот на годината, се повеќе ги подобрува перформансите.

никој не го познава подобро од мене, беше првак во формула 3 и во формула 2 со мојата екипа и јас го донесов во рено во 2017 година – изјави васур во сингапур.

Германскиот возач очекува да има решена иднина во следните неколку недели.

никогаш не може да бидете сигурни, но се ближи времето од годината кога сите рокови се при крај и треба да видиме што ќе се случи.

секако дека разговарав со васур затоа што го знам многу, многу години и пријатели сме.

невозможно е да кажам дека доколку не најдам место за следната година ќе се вратам во спортот во 2021 година. можно е, но мислам дека ако се најдам надвор од спортот, тешко дека ќе се вратам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ