Хулкенберг призна: Иднината е надвор од моја контрола

Нико Хулкенберг смета дека неговата Формула 1 иднина е надвор не негова контрола, иако сеуште смета дека има реални шанси да остане на гридот и следната натпреварувачка сезона.

Рено одлучија да не ја продолжат соработката и да потпишат со Естебан Окон, а потоа и американците од Хаас се решија да го задржат Роман Гросжан, по што слободните места за 2020 година се се помалку. Празно место има уште во Вилијамс откако Роберт Кубица стави јасно до знаење дека нема да вози за Вилијамс догодина и во Алфа Ромео каде Антонио Џовинаци нема уверливи резултати.

јасно е кои места на гридот се слободни, а кои не. мислам дека тоа е очигледно, а во моментов мојата иднина е надвор од моја контрола. ми треба време, мислам дека сеуште имам реални шанси, но во овој спорт никогаш не може да бидете многу сигурни.

не сум разочаран од вестите за хаас затоа што јас не го “бркав“ тоа место, немаше никаков договор и немаше сериозни преговори со хаас. тие дефинитивно беа опција за мене, тоа не е тајна и разговаравме, но не беше ништо премногу сериозно – откри хулкенберг.

Алфа Ромео може да биде можност и проади фактот што германецот возеше во тимот на Фредерик Васур во јуниорските Формула 3 и Формула 2 тркачки серии.

се знаеме одамна, јасно е дека тој е човекот кој ме донесе во рено.

иако многу сакам да продолжам во формула 1, возењето за мене треба да има смисла, да биде разумна, договорот да биде вистински и не сум очаен да останам во врвот на моторспортот по секоја цена.

не ги дискретидирам вилијамс, но со секоја екипа за која би потпишал, важно е да биде конкурентна.

Во врска со шпекулациите дека можна дестинација за него би бил и Ред Бул доколку во Милтон Кинс се решат да земат возач надвор од својата академија и своите екипи.

не можам да кажам не на таков болид и сигурно ќе прифатам таква можност. би било огромен предизвик за мене затоа што знаеме дека макс е “убица“ и е еден од најбрзите.

искрено не сум размислувал за некакви опции надвор од формула 1, не сум разгледувал иншто друго, иако има интерес за мене и од други серии, но за сега не го “бркам“ тоа.

мојата глава сеуште е во формула 1 и тоа е нешто што сакам да го правам.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ