Хулкенберг: Рено мора да се врати по разочарувањето

Нико Хулкенберг бара од тимот на Рено да се вратаи по разочарувачката трка во Бахреин, кога изгубија двоен финиш во поени во самиот крај на трката.

И Хулкенберг и Даниел Рикардо се откажаа во исто време, во ист дел од патеката, на само 4 кругови до крај во трката. Хулкенберг успеа разочарувачките квалификации да ги претвори во еден момент во петто место, со пласман на шесто место при крајот, веднаш пред Рикардо.

Сакам да го извлечам позитивното од Бахреин. Разочарување може да се случи во тркањето, но продолжуваме како тим, научивме од тоа што се случи и ќе направиме се што може да го спречиме тоа во иднина. Покажавме дека имаме добра форма во трка.

Имаше многу претекнување, ние имавме неколку и имавме добра стратегија. Мора да продолжиме со ваква позитивна насока и во Кина да имаме добар викенд со што ќе може да бидеме на чело на средината.

Минатата година имавме успешен резултат во Шангај, така што се надевам дека ќе го повториме тоа и во 2019 година.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ