Хулкенберг: Рено се соочува со поголем предизвик од 2018

Нико Хулкенберг вели дека екипата на Рено се соочува со поголем предизвик годинава поради напредокот од нивните ривали во однос на нивниот забавен развој.

Рено се одвоија од средината во 2018 година, а на крајот се оддалечија и од најблискиот конкурент Хаас и ја освоија четвртата позиција во пласманот.

Екипата ги појасни своите амбиции да бидат поблиску до водечката тројка во 2019 година, но наместо тоа тие се престигнати од Мекларен и Торо Росо. Моментално се на шесто место во пласманот, со помалку од половина поени во споредна со истиот период пред 12 месеци.

Дефинитивно е тешко, ова е голем предизвик, од повеќе причини.

Стартот на сезоната беше повеќе околу издржливоста, а потоа имаше фаза во која јас и Даниел направивме грешки, што не чинеа многу поени за нас и за тимот.

Средината е толку тесна сега, изедначени сме, Алфа Ромео, Торо Росо, Мекларен, сите сме заедно. На некој начин, бидејќи не напредувавме доволно, ние не сме таму каде што посакуваме во однос на темпо и на брзина. Поради тоа сме во оваа тешка позиција.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ