Хулкенберг: Следењето не е олеснето

Нико Хулкенберг смета дека следењето болиди е тешко како и секогаш и покрај промените од оваа година кои имаа за цел да го олеснат тоа со цел да донесат повеќе претекнувања на патеката.

Германецот смета дека токму доближиувањето до болидот пред себе е голем проблем за возачите и нешто што влијае на спектаклот кој го носи секоја трка.

исто е како и секогаш ако сум искрен, особено кога ќе се доближите мноуг блиску, кога ст еполовина секунди од тој пред вас. ако возачот пред вас наеднаш направи грешка, загубата на грип која ја чувствувате е многу драстична и може да ве натера целосно да го испуштите педалот за гас, во спротивно може да излетате. како да удирате во ѕид или како да губите тло под нозете – објасни хулк.

Нико смета дека никакви краткорочни мали подобрувања не може да го решат тој проблем, туку само голема промена на правилата може да го поправи проблемот.

ни треба целосно различен концепт и разбирам дека размислувањата се во тој правец.

Шефовите во Формула 1 работат напорно за новит еправила да ги решат проблемите на дененшната тркачка серија. И додека Луис Хамилтон е песимист дека тоа ќе се случи, Хулкенберг верува во подобра и повозбудлива иднина.

мислам дека техничките правила се движат во правилна насока, а најголема тема е аеродинамичките правила да се постават во вистинска насока за да имаме добро, блиско и чисто тркање.

сите на состаноците го разбираат тоа и изгледа дека сите сакаат иста работа затоа што на крајот тркањето мора да биде добро за да ја продаде формула 1 и забавата која ја носи. сигурен сум дек аќе го добиеме тоа што го сакаме.

СЛИЧНИ ВЕСТИ

#сингапур

популарни вести

РЕЗУЛТАТИ 2023

НАЈНОВИ ВЕСТИ